telenoveli
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

telenoveli

Ова е македонски форум за теленовели.Добредојдовте!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 ~Аlborada~

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

~Аlborada~ Empty
ПишувањеПредмет: ~Аlborada~   ~Аlborada~ Icon_minitimeПон Јан 26, 2009 5:01 am

Што мислите за оваа серија?
Жанр драма, теленовела,историска
Создадено од Марија Заратини
Улоги Лусеро
Фернандо Колунга
Даниела Ромо
Ернесто Лагуардиа
Артуро Пениче
Најавна песна "Аlborada"
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 90
Продукција
Извршен продуцент Карла Естрада
Време на емитување 45 минути

Емитување
Канал на емитување Канал2
Хронологија
Следена од Скриена вистина (2006)


Серијата Алборада е романтична и историска мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2005 година, со 90 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2006 година. Продуцент на оваа теленовела е познатата мексиканска продуцентка Карла Естрада, која се прослави со сериите Љубовни Врски, Право на Љубов, Извор и Вистинска Љубов. Кај нас оваа серија се емитуваше на Сител телевизија, и имаше голем успех. Насловната нумера во Алборада ја исполнуваше познатиот светски оперски пејач Пласидо Доминго.


Синопсис

Приказната на теленовелата започнува во селото Санта Рита во Панама, во колониската доба, времето во кое сиромашните биле огорчени од аристократијата. Во средината на приказната е убавата Марија Иполита која живее со нејзиниот маж Антонио, кој е импотентен, и неговата мајка, злобната Аделаида. Марија Иполита била присилена да се омажи за Антонио, поради богат изглед, од нејзината баба Карлота. Но се се уништува кога Аделаида дознава дека Антонио нема да биде наследник на наследството на неговиот чичко, само поради тоа што нема дете. Поради тоа, Аделаида, со помош на своите слуги, им наредува да го грабнат актрактивниот бегалец Луис Манрике, и да и направи бебе на Марија Иполита, и таа да мисли дека тоа е Антонио. За возврат Аделаида, ќе му помогне на Луис да отиде во Мексико. Сето тоа се случува. Луис таа ноќ води љубов со Марија Иполита, а утредента и кажува се што се случува без да и го каже неговото име, и неговото лице, и заминува во Мексико. Огорчена поради злобата на нејзината свекрва, Марија Иполита одлучува да замине во Мексико, со помош на нејзината слугинка. Поминуваат три години, Марија Иполита конечно пристигнува на имотот на нејзината мајка Асунсасион, со нејзиното дете Рафаел, и нејзината слугинка. Сакајќи да го пронајде таткото на нејзиното дете, Марија Иполита ќе се најде во круг на интриги и насилства кои ги преводи Дона Хуана, сестра на бившиот гроф де Гевара, и мајка на Луис. Таа крие дека сегашниот гроф злобниот Диего, е нејзин син, а исто така и дека не е вистинскиот гроф. Поради доаѓањето на Марија и Луис во Мексико, таа почнува да води валкана игра, бидејќи знае дека скриените тајни може да излезат на виделина. Кога повторно ќе се сретнат со Иполита, Луис сфаќа дека Рафаел би можел да е неговиот син и истакнат од нежните чуства кон Иполита, ќе бара излез од договорениот брак со Есперанца, болна и слаба жена, со која бил присилен да се венча заради семејна традиција...


Глумци Ликови
Лусеро Марија Иполита
Фернандо Колунга Луис Манрике
Даниела Ромо Дона Хуана
Артуро Пениче Антонио
Ернесто Лагуардиа Кристобал
Иран Кастиљо Каталина


ДВД Издание

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Алборада. Во пакетот се состоат 3 двд цедеа, со сите 90 епизоди.


Алборада на Балканот

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: Евроком
Црна Гора: Пинк М
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
 
~Аlborada~
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
telenoveli :: Теленовели :: Мексикански теленовели-
Отиди до: