Што мислите за оваа теленовела?
Жанр драма, теленовела
Создадено од Хилда Моралес
Улоги Сузана Гонзалес
Цезар Евора
Сабин Моусиер
Марија Сорте
Марга Лопез
Најавна песна "Entre el amor y el odio", Angel Lopez
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 124
Продукција
Извршен продуцент Салвадор Мехија Алехандре
Локација Мексико Сити
Време на емитување 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2
Љубов и омраза е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно прикажувана во Мексико во 2002 година. Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 телевизија.
Синопсис
Октавио Виљареал му е внук на газдата на вилата „Виљареал“, г-н Фернандо, кој живее во Мајами и кој е скаран со својот чичко. Меѓутоа фактот што г. Фернандо е болен и што сака за последен пат да го види својот внук ќе го натера Октавио да се врати во вилата во која порано живеел. Но, Октавио нема да стигне на време, а г. Фернандо нема да може лично да му ја пренесе пораката што ја има за него бидејќи ќе почине. Тој тоа ќе и го препушти на Ана Кристина. Во родното место Октавио ќе ја запознае Ана Кристина во која веднаш ќе се заљуби, но на почетокот нема да сака да го признае тоа. Тој е убеден дека Ана Кристина му била љубовница на чичко му Фернандо. Ана Кристина живее со својот дедо, Мануел, кој многу ја сака и кој и вели да не ги слуша злобниците кои шират лаги за неа. И Ана Кристина ќе се заљуби во Октавио, но и таа нема да признае поради навредите што ќе ги слушне од Октавио.
Глумци Ликови
Сузана Гонзалес Ана Кристина
Цезар Евора Октавио
Сабин Моусиер Фрида
Марија Сорте Марија Магдалена
Марга Лопез Дона Хосефа
Алберто Естрела Марсијал
Љубов и омраза на Балканот
Македонија: А1 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: Нова ТВ
Словенија: ПОП Тв
Бугарија: ЕК
Црна Гора: Тв ИН