telenoveli
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

telenoveli

Ова е македонски форум за теленовели.Добредојдовте!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Atraccion 4x4

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

Atraccion 4x4 Empty
ПишувањеПредмет: Atraccion 4x4   Atraccion 4x4 Icon_minitimeСаб Јан 24, 2009 11:27 am

Што мислите за оваа теленовела?
Atraccion 4x4 Erre-way_dot_COM-atraccionx4-promos
Жанр комедија
теленовела
Создадено од Марсело Тинели
Улоги Габриел Гоити
Карола Рејна
Камила Бордонада
Луисана Лопилато
Земја на потекло Аргентина
Јазик шпански
Број на сезони 1, за сега
Број на епизоди непознато
Продукција
Извршен продуцент Густаво Белати
Време на емитување 45 минути

Емитување
Канал на емитување Канал 13
Период на прикажување 3 ноември 2008 – непознато

Атракција 4 (шпански јазик: Atraccion 4x4) е аргентинска теленовела. Всушност, ова е тинејџерска телекомедија под продукција на Идеас дел Сур. Серијата имаше одлични резултати со својот старт кој беше на 3 ноември 2008 год. Како дел од актерската екипа се појавија нам добро познатите Луисана Лопилато и Камила Бордонада, како и братот на Луисана, Дарио Лопилато.


Синопсис

"Атракција 4x4" ни ја раскажува приказната за две семејства од различни социјални класи, кои заради своите судбини се собираат и споделуваат интриги, романтика и битки и оние кои растат и возрасните. Хамлет Лакале ја создал музиката за песната за жената, која му го предизвикала најголемото разочарување: Летисија Рокатаглиата Балбуена. Изминатите дваесет години таа песна била исполнета и препишана од најпознатите музичари во светот. Наискрениот пријател на Хамлет, Гонсало Милохас му ги украдил двете најголеми работи: музичката тема претварајќи во хит, од која станува милионер, и неговата голема љубов, Летисија, за која се оженил. Од тој ден, лошата среча во професијата го следи Хамлет, и покрај тоа, тој продолжува да е простодушен и заработува храна заедно со ќерките и една група од пријатели пеејќи во музички бенд наречен Patota Tropical. После откако останал вдовец, тој се грижи за своите три ќерки, кои ги обожава и им помага на секој начин. Историјата се дели на два дела. Во едниот дел се возрасноте, со Хамлет и неговата борба да си го врати она кое е негово. Таму се справува против Гонсало, кој го заштитува она кое го добил по нечесен пат. А Летисија повторно се среќава со Хамлет, од кого таа ги има најубавите спомени и исто така е причината за неговото најголемото разочарување. Во младата актерска екипа, ќерките на Хамлет и донесените синови на Летисија ја предизвикуваат судбината и споделуваат авантури и романси, додека се обидуваат да се приспособат еден кон друг и покрај различните начини на живот.


Глумци Ликови
Габриел Гоити Хамлет
Карола Рејна Летисија
Камила Бордонада Малена
Луисана Лопилато Нина
Хуана Дубари Паула
Родриго Гирао Диаз Франциско
Елиас Вињолес Кето
Дарио Лопилато Пабло
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
 
Atraccion 4x4
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
telenoveli :: Теленовели :: Аргентински теленовели-
Отиди до: