telenoveli
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

telenoveli

Ова е македонски форум за теленовели.Добредојдовте!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Casi Angeles

Go down 
3 posters
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitimeПет Јан 23, 2009 9:36 am

Што мислите за оваа теленовела?
Casi Angeles Yuio
Ангели
Жанр комедија
тин серија
Создадено од Крис Морена
Улоги:
Емилија Атиас
Николас Васкез
Алехо Гарсија Пинтос
Хулија Калво
Земја на потекло -Аргентина
Јазик - шпански
Број на сезони - 3
Број на епизоди - 166 (прва сезона)
156 (втора сезона)
Продукција
Време на емитување - 45 минути

Емитување
Канал на емитување - Cris Morena Group и RGB Entertainment


Ангели (шпански: Casi Angeles) е аргентинска тинејџерска теленовела. Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имаше на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех беше најавена и втората сезона која започна неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломео и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од сегашниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти во Аргентина.


Прв дел

Во првиот дел од оваа серија се зборува за децата сирачиња со име Маријанела(Maria Esposito), Рама(Gaston Dalmau), Хазмин(Maria Eugenia Suarez) и Тачо(Nicolas Riera). Исто така тука е и синот на Бартоломе(Барто) Тиаго(Peter Lanzani) кој е многу различен од својот татко и другите деца го гледаат како херој. Тој е заљубен во Марианела. Барто директорот на сиропиталиштето ги малтретира, тепа и ги тера да работат за да му заработат пари. Ова црно, тажно место се развеселува со доаѓањето на Сиело Магико циркуската акробатка и Николас Бауер познат археолог. Сиело се вработува како слугинка во куќата и и ја отрива желбата и талентот за танцување на децата. Во тоа и помага и Николас(Нико) во кого децата гледаат херој и пример на човек каков што сакаат да станат. на првата забава организирана во куќата Сиело и Нико се запознаваат и се заљубеваат. Меѓу нив се раѓа тајна љубов. Нико е златниот рудник на Бартоломе кој само се обидува да дојде до пари преку него. Нико е верен со глупавата сестра на Бартоломе-Малвина(Gimena Accardi). Кристобал-синот на Нико се спријателува со помалите деца од куќата преку Малвина која воопшто не му се допаѓа и би дал се таа да не е неговата идна 'мајка'. По некое време во куќата доаѓа доктор Џејмс Џонс археолог кој има тајна врска со Малвина. Сиело не знаејќи го тоа почнува да излегува со него за да го направи Нико љубоморен(но Џејмс се заљубува во неа и ја тера да се омажи за него). Се почнува да се руши кога Сиело ќе дознае дека Џејмс е всушност најголемиот непријател на Нико археологот крадец-Маркос Ибарлусија(Lucas Ferraro). Подозна се дознава и дека Хустина помошничката на Бартоломе има ќерка Луз(Florenzia Cagnasso)која станува девојка на Кристобал и се открива дека е сестра на Сиело. Ибарлусија е крвен татко на Кристобал и сака старателство над него, но Карла-мајката на Кристобал му го враќа на Нико. Подоцна Сиело која во меѓувреме дознава за темните тајни на Бартоломе му кажува се на Нико и тој почнува да крое план за да го испратат на суд. Тиаго исто така дознава за татко му и не му се верува дека тој може да го прави тоа. Неколку епизоди подоцна се дознава и дека Сиело е исчезнатата наследничка на куќата Анхелес Инчаусти, која била оставена од Бартоломе и Хустина. Кај Хустина останала сестрата на Анхелес втората наследничка Луз. Таа немала срце да ја остави во шумата па ја посвоила и ја заклучила во подрумот. Откако ќе ги откријат и пријават во полиција Барто и Хустина ќе побегнат. Со помош на Малвина, Нико и Сиело ќе ги најдат и заради една незгода Барто и Хустина ќе завршат во болница. Таму со помош на Маркос Ибарлусија ќе направат лажна незгода во која тие 'умираат'. Тиаго плаче заради трагичната смрт на својот татко, а исто и Луз која Хустина се уште ја доживува како своја мајка. По неколку дена во куќата доаѓа роднината на Хустина-Фелиситас Гарсија(Julia Calvo), таа е мисионерка и на првиот поглед ги засакува децата од куќата. Барто и Хустина сакајќи да се доближат до децата и Сиело и Нико се маскираат во италиански брачен пар и доаѓаат да живеат во куќата на Нико која тој ја издава. Нивната цел е да се одмаздат, а тоа го прават преку киднапирање на што повеќе луѓе. Росарио(социалната работничка која ги обожава децата), Фелиситас, Малвина и Хаспер кој е градинарот на куќата и истовремено многу мистериозен човек кој бил пријател на Карлос Мариа Инчаусти-таткото на Сиело и кој го мрази Бартоломе и е против него. Бартоломе го убива Хаспер и кога заедно со Хустина ќе се обидат да го фрлат во реката ќе бидат фатени со помош на планот на Нико. Тој ќе ги испрати во затвор, но тие нема веднаш почнуваат со подготвување на план за бегство. Неколку месеци подоцна Маркос ќе ги киднапира Кристобал и Малвина и ќе ги однесе во својот авион. На денот на свадбата на Сиело и Нико, кога е и концертот на Teen Angels(Групата на децата која ја создаде Сиело) Бартоломе ќе побегне од затвор и и се заканува на Сиело со пиштол. Тој ќе ја однесе на таванот од куќата каде е и часовникот. Кога ќе сака да ја застрела од часовникот излегува струја која го погодува во главата и го остава во кома. Сиело е заробена меѓу пар од проѕирни крилја и не може да мрдне. Нико лежејќи на подот заради куршумот кој му го упати Барто ја подава раката за да ја допре раката на Сиело. Нико плаче кога Сиело изчезнува во сноп од светлина но истовремено е и среќен бидејќи знае дека еден ден ќе се врати. Кристобал и вели на Малвина да скокне со него од авионот со падобран, а во авионот каде што е Маркос фрла димна бомба и го убива. Се завршува со концертот на Teen Angels на сцената пред куќата.


Последната промена е направена од Admin на Пон Јан 26, 2009 4:49 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Re: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitimeПет Јан 23, 2009 9:36 am

Втор дел

Три месеци откако Сиело ќе биде абсорбирана од часовникот таа го запознава Тик-Так чуварот. Во меѓувреме Нико и Љека ги бараат Кристобал и Малвина која е бремена со дете од Нико и треба да се породи. Во тоа ке им помогне Салвадор(Nikolas Pauls) стар пријател на Нико кој ќе помогне во раѓањето на детето и ќе ги однесе во болница, по раѓањето на детето ќерката-Есперанца. Мар, Рама, Тачо, Тиаго и Хазмин кои се во потрага по Нико ќе бидат поканети на кампување организирано од Рокланд Колеџ. Тие ќе почнат да се подготвуваат за патувањето. Алели, Монито и Луз ќе останат со Фелиситас, роднината на Хустина која ќе се вработи во куќата. Тие го очекуваат враќањето на Сиело. Сиело ќе дознае многу важна информација со помош на Есперанца Бауер и ќе влезе во Еудамон. На кампувањето Марианела(Мар) запознава едно многу згодно момче и би дала се тој да се заљуби во неа. Така и се случува Симон почнува да и носи цвеќиња и подароци на Мар и тие влегуваат во тајна врска. Излегува дека Симон е многу добар пријател на бившиот дечко на Мар-Тиаго. Мар постојано зборува како запознала еден дечко и дека многу го сака и тој неа но никој не знае дека тоа е Симон. Во исто време Симон му кажува на Тиаго дека запознал една многу убава девојка во која е заљубен и дека се надева дека ке ја види повторно. На презентацијата на нови студенти Мар дознава дека Симон е нов студент од многу богата и позната фамилија. Подоцна децата стигнуваат во Буенос Аирес каде се сретнуваат со Малвина, Нико и Фелиситас и почнуваат нов живот во кој иим недостига Сиело. Сега сите учат во Рокланд Колеџ каде се појавуваат нови и стари љубовни приказни. Конечно Мар и Симон дознаваат кои се и се многу тажни бидејќи треба да се разделат за да не ги повредат своите бивши. Тиаго дознава дека Мар и Симон не излегуваат повеќе и мисли дека тие не се сакаат. Хазмин почнува да излегува со едно момче по име Мет кое учи во Рокланд, но таа не го сака. Всушност е заљубена во еден суперхерој кој се вика Црвениот Ангел, но не знае дека тоа е Тачо. Таа исто така дознава дека Хозело не ги убил нејзините родители, туку тоа бил нејзиниот чичко и оди во неговата куќа каде се вработува како слугинка. Во меѓувреме Симон кој не може повеќе без Мар оди да тренира бокс на истото место каде што тренира и Мар. Негов тренер станува кралот на боксот Мауро кој е таткото на Мар. Линда излегува со Салвадор, но има сништа со Нико. Таа оди на психолог кој е всушност Тик-Так но таа не се сеќава. Симон за да заборави на Мар почнува да излегува со Агос за која не знае баш ништо. Мар станува многу тажна, но на натпреварот каде што Симон треба да си ја најде девојката и да ја бакне ќе ја бакне неа и таа чувствува дека тој сеуште ја сака. Тиаго кој е шокиран од се одлучува да оди на сцената каде се случува натпреварот и да расчисти се. Следниот ден Тиаго и признава на Мар дека тој цело време иако бил разделен од неа не престанал да ја сака. Тоа лошо го прифаќа Симон кој ќе ги слушне. Тука Мар признава дека го сака Тиаго, но и се допаѓа и Симон, кој признава дека е луд по неа. Керидад се заљубува во Начо, но иако Мар и Хазмин и велат дека тој не ја сака, Тефи и Мелоди ја убедуваат да му признае. Рама дознава дека Вале има подрум во кој го чува својето поранешно момче кое е побегнат затвореник и тој ќе го пријави, а полицијата ќе го земе. По разговорот со Тачо Тиаго решава да реагира пред да му ја земат љубовта на неговиот живот. Тој и предлага врска на Мар која му бара време за да размисли. Истиот ден Teen Angels се натпреваруваат против Рокланд Колеџ каде освен што е Симон кој ги слуша Мар и Хазмин како разговараат за предлогот на Тиаго е и Мелоди која знае дека Тиаго и предложил врска на Мар, а тоа значи тие да се разделат. Затоа Мелоди заедно со Тефи прават план во кој Мар треба да ги види Мелоди и Тиаго како се бакнуваат, а потоа трчајќи и плачејќи да отрча во прегратките на својот пријател Рама. Тиаго трча по неа сакајќи да и објасни дека тоа било грешка, но таа не прифаќа. Сепак во средината на шоуто откако преку песна ќе ги искажат своите чувства Тиаго и Мар го завршуваат шоуто со голем бакнеж. Салвадор ја прашува Линда(Сиело) дали сака да се омажи за него и таа прифаќа, токму на свадбата во црквата доаѓа Нико и ја убедува дека таа е Сиело, а не Линда, но таа не се сеќава на ништо. Нико ја носи Сиело во куќата каде децата пеат една од нивните песни кои заедно ги напишаа, а таа отрчува плачејќи. Децата дознаваат дека Нико ја нашол Сиело и дека таа е жива. Тие трчајќи доаѓаат до неа и ја прегрнуваат, но таа сеуште не се сеќава на нив. Тогаш децата и кажуваат на Сиело што се таа има сторено за нив и кои се они. Во меѓувреме Нико го убедува Салвадор Сиело да остане во куќата и тој прифаќа. Сиело збунета од се што и се случува излегува да прошета, но ќе биде киднапирана од Франка која заедно со Чарли ќе ја заклучат во некоја стара куќа. Франка му остава на Нико гласовна порака во која го преправа гласот како на Сиело и кажува дека е добро и дека ќе се врати, но Салвадор и Нико ќе ја откријат. Франка бара да и донесат кутија со предмети за да им ја врати Сиело. Нико сомневајќи се дека е стапица и праќа било што за да може да ја следи и да види каде ќе ја однесе. Во меѓувреме Франка испраќа луѓе да го заклучат Тиаго во барот и да му пуштат гас. Потоа таа го носи во болница и му става инекција во вратот. Сиело се обидува да комуницира со Салвадор, но ќе ја видат останатите криминалци и ќе и стават инекција во вратот. Таа ќе се онесвести и ќе падне на подот. Откако ке му ја стават инекцијата на Тиаго нема да му биде добро и се ќе му се меша во главата. Сиело ќе успее да контактира со Салвадор и ќе му каже дека нема време и дека е во некоја стара куќа со часовник во средината. Салвадор не ја разбира. Тој му кажува на Нико дека Сиело ја заборавила куќата и дека му рекла дека нема време и дека е во некоја стара куќа сино со златно. Тие не знаат каде е Сиело, но ги носат помалечките кои сакаат да помогнат. Во овој момент доаѓа Мар која слуша како ги спомнубаат сината и златната и им кажува дека оваа улица доаѓа со група. Тогаш Нико одлучува да оди со децата и ги остава помалечките со Љека. Наскоро следува трет дел од најпопуларната тинејџерска серија АНГЕЛИ

Глумци Ликови
Емилија Атијас Сиело / Анхелес Инчаусти
Николас Васкез Николас Бауер
Алехо Гарсија Пинтос Бартоломе Агеро
Хулија Калво Хустина Гарсија
Химена Акарди Малвина Агеро
Лукас Фераро Маркос Ибарлусија
Маријана Еспосито Марианела Риналди
Херардо Чендо Могли
Пит Ланзани Тихаго Бедоха Агеро
Мариа Еугеинија Суарел Риверио Хасмин
Гастон Далмау Рама
Николас Риера Тако
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
Angel4e
Admin



Број на мислења : 10
Join date : 2009-02-01

Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Re: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitimeНед Фед 01, 2009 6:03 am

Ova e najdobrata telenovela!
Mnogu mi se dopaga!
Ja obozavam!
Вратете се на почетокот Go down
Elen4e

Elen4e


Број на мислења : 21
Join date : 2009-02-01

Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Re: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitimeНед Фед 01, 2009 12:10 pm

i jas isto ja obozavammmmmmmmmmmmmmmmm I love you
Вратете се на почетокот Go down
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Re: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitimeНед Фед 01, 2009 12:37 pm

i jas ja obozavammmm.Najdobra serija!
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
Sponsored content





Casi Angeles Empty
ПишувањеПредмет: Re: Casi Angeles   Casi Angeles Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Casi Angeles
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
telenoveli :: Теленовели :: Аргентински теленовели-
Отиди до: