Sto mislite za ovaa telenovela?
Жанр: драма, теленовела
Создадено од Ромуло Гаљегос
Улоги
Едит Гонзалес
Кристијан Меиер
Генесис Родигез
Марица Родригез
Земја на потекло - CАД / Колумбија
Јазик - шпански
Број на епизоди - 120 (за сега)
Продукција:
Извршен продуцент - Аурелио Варкарцел Карол
Време на емитување - 45 минути
Емитување:
Канал на емитување - Телемундо
Период на прикажување 4 август 2008 – февруари 2009
Хронологија:
Следена од Клон (2009)
Г-ѓа Барбара (шпански јазик: Doña Bárbara) е колумбиска теленовела. Серијата во САД со прикажување започна на 4 август 2008 во ударниот термин. Серијата е адаптирана според истоимената книга од 20 век. Во главните улоги се појавуваат Едит Гонзалес и Кристијан Меиер.
Синопсис
Барбара е млада и романтична девојка, одгледана среде џунглата од група венецуелски банди. Таа е лудо вљубена во нејзиниот свршеник Асдрубал, но една трагедија ќе и го одбележи животот засекогаш. Група бандити ја силуваат и го убиваат мажот кој толку го сакала. Од тој моемнт во неа се раѓа луда желба за одмазда кон мажите. По патот ја среќава Еустакија, една добра жена, која и помага да се смири со тоа и и станува како нејзина мајка. Покрај лекувањето, омразата на Барбара кон мажите расте. Таа си ветува да им се одмазди и да ги искористува само за лична сметка. Таа го заведува моќниот Лоренсо Бакеро и му ги краде сите имоти. Полн со мака, тој запаѓа во беда и алкохолизам. Од врската се раѓа ќерката – Марисела, која е принудена да живее заедно со измачениот татко, бидејќи г-ѓа Барбара не сака да биде мајка. Г-ѓата се претворува во многу господова жена, која управува со целиот регион и сите и се поклонуваат и се плашат од неа. Но 15 години подоцна во местноста пристигнува Сантос Лисардо. Амбициозниот адвокат дошол од Каракас за да ја додели сопственоста на семејните земји. Тој наскоро открива, дека г-ѓа Барбара контролира со железната рака. Сантос решава да се бори, за да го спаси чичко му Лоренсо, и да ја образува младата Марисела. Барбара се вљубува во Сантос, додека тој се вљубува во ќерка и Марисела. Тоа ќе го направи дејството на љубовен триаголник, во која мајката и ќерката се борат за еден ист маж.
Глумци Ликови
Едит Гонзалес Барбарита ‘Г-ѓа Барбара’ Гуаимаран
Кристијан Меиер Сантос Лисардо
Генесис Родригез Марисела
Марица Родригез Асунсион
Женкарлос Канела Асдурбал
Кети Барбери Сесилија
Арап Бетке Антонио Сандовал
Пауло Кеведо Балбино Паиба