Што мислите за оваа теленовела?
Жанр драма
теленовела
Создадено од Делија Фиало
Улоги Мајте Перони
Вилијам Леви
Лаура Запата
Шерлин
Земја на потекло Мексико
Јазик шпански
Број на епизоди 185
Продукција
Извршен продуцент Натали Лартлиеукс
Време на емитување 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал 2
Период на прикажување 9 јуни 2008 – 20 февруари 2009
Хронологија
Следена од непознато
Внимателно со ангелот (шпански јазик: Cuidado con el Angel) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на теленовелата (Една девојка наречена Милагрос) од 1975 год. Во главните улоги се појавуваат Мајте Перони од популарната серија Бунтовници, Вилијам Леви, Лаура Запата и др. познати актери. Серијата во Мексико уште од самиот почеток бележи огромни успеси во нејзиниот термин кој е слабо гледан. Но можно е серијата да биде преместена во вечерен термин поради големиот успех.
Синопсис
Кога Маричуј се роди, нејзината мајка, мислејќи на прагот на смртта, ја дала нејзината ќерка на свештеникот кој ја пратил во сиропиталиште. На 14 години, Маричуј бега од сиропиталиштето, и почнува да кради само да го преживее животот. Поминуваат годините и таа е фатена од еден пијаница, кој ја прави да се чувствува огорчена кон мажите и да пати од кошмари кои ја мачат. Канделарија, домаќинка, ја пронаоѓа и ја зема кај неа, како нејзина мајка. Маричуј работи се што може, само да и помогне на Канделарија. Еден ден се заплетува во каша, за која оди кон една делегација, која е на нејзиниот татко (и двајцата без да ја знаат нивната врска), и заштитени од Хуан Мигел Сан Роман, еден психолог. За девојчето а не оди во затвор, Хуан Мигел, кој е одговорен за неа ја води во неговата куќа. Хуан Мигел е вдовец и мајка му прави се само да и биде лошо во животот на Маричуј. За да ги избегне проблемите, Хуан Мигел ја носи да живее во домот на судијата Патрил Веларде и неговата сопруга Сесилија (вистинските родители на Маричуј), кои ја посвоиле Естефанија, веднаш по напуштањето на нивната ќерка т.е Маричуј. Хуан Мигел и Маричуј се заљубуваат и се венчаат. Без разлика, следниот ден после венчавката, таа открива една голема тајна од минатото на Хуан Мигел, поради што го презира, се разделува од него и не сака повеќе да го види. Кога дознава дека е бремена, Маричуј не сака да му каже и оди во провинцијата со Канделарија, но прифаќа да замине кај Леопардо, кој е заљубен во неа. Маричуј се породува и Леопардо е прифаќа да се ожени со неа и да го прифати нејзиниот син, но таа вели дека е венчана и дека она што го чувствува кон него е само пријателство. Леопардо не се откажува и се обидува да ја добие љубовта на Маричуј. Најпосле, тој дознава дека Маричуј е омажена за Хуан Мигел, кој го познава од многу одамна, уште кога биле пријатели на факултет. Двајцата се борат за нејзината љубов, но за неа, одлуката нема да биде лесна.
Глумци Ликови
Мајте Перони Маричуј
Вилијам Леви Хуан Мигел
Лаура Запата Онелија
Шерлин Росио
Абрахам Рамос Адријан
Африка Завала Елса
Ана Изабел Беатриз
Ана Патрисија Рохо Естефанија