telenoveli
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

telenoveli

Ова е македонски форум за теленовели.Добредојдовте!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Amar Sin Limites

Go down 
АвторПорака
Admin
Admin
Admin


Број на мислења : 93
Join date : 2009-01-23

Amar Sin Limites Empty
ПишувањеПредмет: Amar Sin Limites   Amar Sin Limites Icon_minitimeСаб Јан 24, 2009 11:36 am

Жанр драма, теленовела, трилер
Создадено од Густаво Белати, Марио Саградо
Улоги Кариме Лозано
Валентино Ланус
Моника Санчез
Марта Сорте
Сабин Моусиер
Најавна песна "Disparame, Dispara" , Laura Pausini
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 135
Продукција
Извршен продуцент Анхели Незма Медина
Локација Мексико Сити
Време на емитување 45 минути

Емитување
Канал на емитување Канал2
Период на прикажување 10 октомври 2006 – 20 април 2007
Хронологија
Следена од Девојки како тебе (2007)


Љубов без граници (шпански: Amar Sin Limites) , е мексиканска теленовела во продукција на Телевиса и аргентинската Телефе. Серијата имаше солиден успех во Мексико. Оваа теленовела е римејк на аргентинската мега популарна криминалистичка теленовела Resistire или кај нас преведена Посилна од судбината која се емитираше на Сител Телевизија.

Синопсис

Диего Моран е кројач, продавал во луксузна продавница за машки алишта. Живее со својата девојка Валерија, но нивниот однос не е претерано стабилен. Кога Валерија сака да го напушти Диего, краде неколку вредни работи кои двајцата ги поседуваат, заедно со парите кои Диего ги чувал за да купи автомобил и парите за станарина кои Диего ги плаќа секој месец. Диего ќе биде избркан од станот, упропастен и разочаран, немајќи избор заминува да живее назад во куќата на неговите родители, каде неговиот татко не го дочекува со раширени раце. Напуштен и поткраден од страна на неговата љубовница, Диего бара морална потпора во својата фамилија, посебно од страната на неговиот дедо, кој го разбира најмногу од сите членови на фамилијата. Неговите најдобри пријатели се Исела и Пако. Набргу после враќањето во семејниот дом, Диего ја запознава Азул Тоскано и се заљубува во неа. Но, Азул е свршена за Маурицио Дуарте, бизнисмен чија компанија е запатена во чудни работи. Диего и Азул се зближуваат, но животот ги раздвојува. Тој заминува мислејќи дека таа никогаш нема да го погледне. Диего се спријателува со Силвана Ломбардо, жена на која синот и умрел пред две години. Откако нејзиниот син умрел, никој не успеал да ја вразуми дека Маурицио Дуарте не е виновен за смртта на нејзиниот син. Силвана е нестабилна личност и се обидува да го убие Маурицио, но Диего ја спречува и го спасува животот на Маурицио. Од тој момент, Маурицио го смета Диего за свој пријател кој му носи среќа, и го повикува да работи со него. Диего одбива, но Маурицио, кој секогап добива што сака, инсистира Диего да се вработи во неговата фирма. Се додека не влезе во куќата на Маурицио, Диего не сфаќа дека Азул е жената која не можел да ја заборави и е во брак со човекот кој сега е негов газда. На почетокот, Диего не гледа ништо матно во работите на Маурицио. Не е среќен што работи за човекот кој ја освооил жената од неговите соништа, но ја прифаќа судбината. Диего е уверен дека Азул е во брак со Маурицио бидејќи го сметала за побогат и бидејќи тој и пружил богат и комотен живот. Набргу, Диего гледа со каква работа се занимава Маурицио, и ги гледа неговите илегални врски со другите моќни организации. Но, во обид да се непријатели со Маурицио, стигнуваат проблемите на Диего. Диего исто така и ветува на Азул, дека нема да ја пушти да живее во опасност. Таа се уште не сфаќа какво чудовиште е Маурицио. И Азул не е единствената во смртна опасност, туку и нејзиниот татко Алфредо Тоскано, научник, кој Маурицио го вработил пред да ја запознае Азул. На Маурицио му требаат научните идеи на Алфредо како би направил пеколен и убиствен план.


Глумци Ликови
Кариме Лозано Азул Тоскано
Валентино Ланус Диего Моран
Моника Санчез Силвана Ломбардо
Рене Стиклер Маурисио Дуарте
Сабин Моусиер Ева Санторо
Ото Сирго Алфредо Тоскано
Марија Сорте Елоиса
Кармен Бецера Лидија
Сокоро Бонила Глорија
Марсело Кордоба Андрес

Љубов без Граници на Балканот

Бугарија: бТВ
Вратете се на почетокот Go down
https://telenoveli.forumakers.com
 
Amar Sin Limites
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
telenoveli :: Теленовели :: Мексикански теленовели-
Отиди до: