Што мислите за оваа теленовела?
Пиратска душа
Жанр драма, тинејџерска, комедија, теленовела
Создадено од Ренато Ди Анџело
Улоги
Лусијана Лопилато
Маријано Мартинез
Бенхамин Рохас
Фабијан Мацеи
Најавна песна I Need Your Love - María Cristina De Giacomi
Земја на потекло Аргентина
Јазик шпански
Број на епизоди 140
Време на емитување 45 минути
Канал на емитување Телефе
Пиратска душа е тинејџерска аргентинска теленовела. Серијата е приказна за пиратите, љубовта и животот на тинејџерите. Како главни улоги се појавуваат кај нас познатите Луисана Лопилато и Бенхамин Рохас, кои се прославија со улогите на Миа и Пабло во Млади Бунтовници.
Синопсис
Ова е приказна за пријателството, за тоа кое никогаш не смее да се предаде, за авантурата и правдата, за слободата и врските. А најмногу ова е приказна за љубовта. Ова е приказна за тројца пријатели, кои после смртта на нивните родители ја следат нивната традиција и повторно го основаат братството “Лигата на мечевите”. Договарајќи се да ги исчистат сеќавањата на своите родители, кои се убиени и да пронајдат вреден накит, ама и да ги казнат убијците на своите родители. Нивните родители кои исто така припаѓале на “Лигата на мечевите”, старото братство кои со една цел за да го спасат светот, биле убиени од Џино Риганти. Нашите праведниви се: Беницио, Круз, волшебник и крадец и коцкарот Иван на кој му се допаѓа Алегра, ќерка на нивниот најголем непријател, Џино Реганти, издајникот на старата Лига. Единствената која не дели тајни е Клара, ќерка на Карлота и пријателка на Алегра. Приказната започнува кога, неколку години после смртта на нивните родители, тројцата млади примаат писмо кои ги известува дека треба да следаат трагови за да дојдат до Алма, која е единствениот спас за да се избегне Трета Светска Војна. Но тоа и не е толку лесно за да се направи: баш како и оваа Лига, постои упте една противничка, “Свештениците на крстот”, која е формирана од тријади и еден маестро, кој е одбран и поседува моќ. Тој ја симулура борбата со Џино, таткото на Алегра, кој исто така е дел од Крстот, да им се приближи на момчињата и да спречи да дојдат до Алма. После неколку месеци тешка работа, момчињата го набавуваат накитот, кој не е тој кој го барат, но ќе им послужи да дојдат до Алма. Но на тоа, на патот ќе морат да почекат многу изненадувања, опасности и авантура. На тој пат ќе откријат дека не е се како што се чини и дека ќе им треба многу храброст да го одбранат она што се и она што го бранат и нивните родители. Ќе морат да преживеат многу замки и напади за да го остварат она што го започнале, а тоа е да го исчистат сеќавањето на нивните родители и нивните непријатели.
Глумци Ликови
Луисана Лопилато Алегра
Бенхамин Рохас Круз Наваро
Мариано Мартинез Беницио Демарко
Изабел Маседо Клара
Фабијан Мацеи Иван Ферер
Елса Пиниља Мерилин
Хавиер Гомез Омар